Со нераспишување избори СДСМ ја опструира државата и ги продлабочува кризите

Со нераспишување избори СДСМ ја опструира државата и ги продлабочува кризите.

4 кризи кои се реалност заради лошото владеење на СДСМ стануваат се потешки. Граѓаните се соочуваат со поскапи сметки за струја и за парно затоа што власта е неспособна и криминогена, од истата причина имаме и една од најголемите бројки на починати од КОВИД по глава на жители.

СДСМ со години веќе не може да изнајде решение за кризите во кои ја втурна државата. Единствена опција се предвремени парламентарни избори, и формирање на нова влада која ќе ја стабилизира состојбата и државата ќе тргне напред.

ЛДП, ДОМ и ДС со нивната пасивност се исто така причина зошто оваа влада успева да опстои и со мафијашки методи да владее. Затоа, нека ги стават државните пред партиските интереси и да одиме на избори со една изборна единица, што се впрочем и нивните барања.

Центар за комуникации на ВМРО ДПМНЕ

Постави одговор

Your email address will not be published.