Расте револтот во СДСМ

Уште при изборот на Димитар Ковачевски за нов претседател, „донесен“ од Зоран Заев на позицијата претседател на СДСМ, првично се покажа незадоволството во партиските редови кога поголем дел од членството едноставно одби да излезе на внатрепартискит избори.

Откако денес се познати имињата на новите луѓе на најтесното партиско раководство, незадоволството е уште поголемо. Тие чесни и некомпромитирани кадри на СДСМ очекуваа суштински промени во партијата, но она што го добија е само продолжение на „заевизмот“ и враќање на дел од старите кадри.

Затоа се поголеми гласините за формирање на нова партија од незадоволните членови на СДСМ, како што се градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски и поранешниот заменик министер за образование Петар Атанасов.