”Каде со добро, каде со ножот” – AНДОН ЛАЗОВ ЈАНЕВ ЌОСЕТО

166 години од раѓањето на Андон Лазов Јанев Ќосето.

На 25 декември 1854 година во селото Голозинци, Велешко, е роден Андон Јанев Ќосето.

Човек легенда, бестрашен и непокорен јунак кој бил задолжен да ги ликвидира предавниците на македонското дело, и кој не служел на личности, туку како што подоцна ќе каже самиот, јас и служев само на Македонија.

Ќосето ги извршува најтешките и најопасните задачи на Организацијата. Дејствувал храбро и одлучно, пресметувајќи се со најголемите непријатели на TМOРО  и на Македонија.

Споменикот на Андон, поставен во центарот на Скопје, поради политички причини, на подол начин вечерно време беше срушен какo една од првите реформи на СДСМ.