113 години од раѓањето на Кочо Рацин

113 години од раѓањето на Коста Апостолов Солев – Кочо Рацин!

Се смета за еден од основоположниците на современата македонска книжевност , а неговата стихозбирка „Бели Мугри“ (Загреб, 1939) претставува едно од најзначајните дела во современата македонска поезија. Освен со поезија, Рацин се занимавал и со проза, а напишал и неколку значајни трудови од областа на историјата, филозофијата и книжевната критика.

Прекарот Рацин доаѓа од неговата сакана Рахилка Фирфова – Раца. Рацин кратко време користел и друг псевдоним, Невен Пејко, кој го зеде од неговата втора љубов – Невенка Вуиќ.

Сè уште не се разјаснети сите подробности околу неговата смрт, поради што постојат сомневања дека бил убиен. Посмртните останки на поетот денес се наоѓаат во Спомен – костурницата во Велес, каде се наоѓаат и посмртните останки од неговите загинати соборци и другари.

“…Ете и историјата сакаат да ни ја скријат, да ни ја земат, за да ни ја земат душата, за да докажат дека сме племе без историски континуитет. Народ кој нема свое вчера, кој нема свое денес, не може да има ни свое национално утре. Ете, нашето вчера треба да исчезне за да се стопи нашето денес и за да се избрише секоја мисла за нашето утре…”

Зборовите на Рацин се олицетворение на тогашноста, но за жал и на сегашноста.

Вечен спомен!