Врие во Тирана

Денес во Тирана се одржува состанокот „Отворен Балкан“ на кој учествуваат српскиот претседател Вучиќ, албанскиот премиер Рама и македонскиот премиер во заминување Заев.

Протест против овој состанок беше организиран од страна на опозициската Демократска Партија, чиј лидер е Сали Бериша, поранешниот албански претседател.

Демонстрантите протестираат и против пактот постигнат помеѓу Вучиќ и Рама, каде денес го запалија српското знаме, а заради избегнување на немири, состанокот наместо во Тирана е преместен во Елбасан.

Истовремено, Американската амбасада издаде соопштение за американските граѓани да избегнуваат присуство во Тирана, посебно заради протестите кои лесно можат да преминат во насилни.