Бројката на дневно заболени е безначајна во однос на вкупниот број ученици

Според секојдневните извештаи, бројот на деца заболени од Ковид во училиштата се зголемува на дневно ниво, но Министерката Царовска го демантира тоа и го тврди спротивното – дека бројката на дневно заболени е безначајна во однос на вкупниот број ученици кои ја посетуваат наставата во училиштата со физичко присуство.

Во полошкиот регион ситуацијата е сеуште алармантна, па затоа учениците во Тетово и Гостивар до 20ти во месецов ќе посетуваат онлајн настава.

Народниот правобранител и Првата детска амбасада „Меѓаши“ реагираа дека училиштата несоодветно ја организираат наставата и дека часовите во училиштата каде учениците посетуваат настава со физичко присуство треба да траат пократко, но Министерката само изјави дека за сите тие протоколи е надлежна само Комисијата за заразни болети.