Хаос и насилство на аеродромот во Кабул, се повеќе луѓе се обидуваат да избегаат

Хаос и насилство на аеродромот во Кабул, се повеќе луѓе се обидуваат да избегаат

Најмалку седум лица загинаа во стампедо во неделата, а вкупно најмалку 19 лица загинаа од 15 август (Ал Џезира)

Американскиот претседател Џо Бајден е под притисок на јавноста и сојузниците да дозволи повеќе време за евакуација од Авганистан, контролиран од Талибанците, додека се ближи крајниот рок за повлекување на САД.

Според договорот со Талибанците, САД мора да го напуштат Авганистан до 31 август.

Десетици илјади луѓе се евакуирани од главниот град на Авганистан, Кабул, но други се обидуваат да избегаат и понатаму остануваат во или во близина на аеродромот што го чуваат американските сили и нивните сојузници.

Извор: Ал Џезира