Горат социјалните мрежи по одлуката за привременото прифаќање граѓани од Авганистан

По одлуката на Владата за „привременото прифаќање граѓани од Авганистан – оние кои во изминатите 20 години работеле на одржувањето на мирот во Авганистан“ се запалија споцијалните мрежи.

Реакциите не стивнуваат и по објавата на Оливер Спасовски, Министерот за внатрешни работи, дека цитираме „прифатниот центар за странци Гази Баба е формиран и функционира согласно Законот за странци и е наменет за привремено задржување на странци во случаи кога се исполнети условите содржани во одредбите на Законот за странци, односно за сместување на странци кои не можат да се отстранат од територијата на државата во рок од 24 часа, од кои било причини, па се сместуваат во него во период од неколку дена, додека да се создадат услови да биде отстранет од државата“, завршен цитат.

Коментарите на граѓаните се многубројни, издвојуваме неколку од нив:

  • Видете во околните земји дали има вакви центри…
  • Помогнете им на Македонците кои останаа без покрив над глава, на луѓето кои молат секој ден за донации на социјалните мрежи за лекување и за храна…. Во Mакедонија нема место за Мигранти!!
  • Ве нема да помогнете на луѓево бездомници тука, социјални станови па ич, извршители бркаат луѓе од дома ама вие имате ШИРОКО срце за мигранти. Како ни еднаш не се погриживте за жителите на Р.М. Колку роми живеат во лоши услови, златни деца им растат така, колку други исто по сите градови има, премногу, ни еднаш во овие години не изградивте центри за луѓето кои неможат да си овозможат дом, под мостови спијат…
  • А кога ќе платат 3 сметки за струја се стекнуваат со државјанство на Република нашата земја…..
  • Дома да си ги носите……