Здравствените работници имаат повторно забрана за годишен одмор – Браво за газдите!!!

Прим. Д-р Славица Трајкова, Инфектолог во ЈЗУ Општа болница Велес

На социјалната мрежа Фејсбук се почести се реакциите на здравствените работници на кои повторно им е забрането да користат годишни одмори.

Ја издвојуваме реакцијата на Прим. Д-р Славица Трајкова, Инфектолог во ЈЗУ Општа болница Велес, која во почетниот бран од пандемијата со Covid19 во март месец минатата година беше во првата борбена линија против вирусот Covid19 во Дебар, жената на која никогаш не и недостасувала храброст и доблест во нејзината професија, достапна 24/7 за сите, без разлика дали e нејзинит пациенти или не.

„Медицински работници и соработници од Инфективна клиника, со Наредба за прекин и забрана за користење на годишен одмор!?

БРАВО ЗА ГАЗДИТЕ!!!

Вие си ги искористивте ли Вашите одмори?Вас Македонија ви изгоре, па вие си пливавте безгрижно, без око да ви трепне!

А тоа што дремевте и за малку ќе ја прогласевте епидемијата за завршена, не е наш проблем!Со малиот прст не мрднавте да ги санирате недостатоците на здравствениот систем!Сега и одмор нема…После година и пол макотрпна работа, затворени во карантин, еве ни “награда”!

А Вие, активирајте си го системот на ротација, па малку влезете во карантин, колку за промена!? Ве има еден куп, ама си седите во климатизирани канцеларии!

А предизвикот во скафандер, поинаку се доживува!Пробајте, ќе се согласите со нас…

Господа Газди на македонското здравство:

Ние ЌЕ користиме одмор!

Вие можете и отказ да ни дадете!

И тоа го видовме…

Слободно казнувајте, Ви стоиме на располагање!

Вашите грешки ќе ги плаќаме ние!

ХЕРОИТЕ ОД МИНАТОТО ВРЕМЕ“, стои во нејзината изреволтирана реакција. Ние би додале само, со право!

Линк до постот: https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fslavica.trajkova.90%2Fposts%2F576359313802329&show_text=true&width=500