Рестрикциите ќе важат за сите или повторно ќе има повластени?!?!

Здравко Јосифовски, претседател на НУК

„Новите рестриктивни мерки повторно ќе го загрозат и ќе го проблематизираат работењето на угостителските објекти. Невозможно е секој угостителски објект да ја обезбедни бараната задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација“, велат од НУК.

„Од друга страна, дали лицето е вакцинирано или не спаѓа во групата на осетливи лични податоци“, рече Јосифовски и појаснува дека со тоа од нив се бара да прекршат повеќе чевекови права загарантирани со Уставот и со Законот за заштита на лични податоци.

„Сметаме дека одлуката не само што е погрешна и неспроведлива, туку истата е навредлива за сите македонски граѓани кои ги користат угостителските услуги, но и за странските гости“.

Од друга страна, на социјалните мрежи се поставува прашањето дали оваа рестриктивна мерка ќе важи за сите угостителски објекти или повторно ќе се има двојни аршини, на пример во чајџилниците во Чаир, Тетово, Гостивар, а посебно Арачиново!