Зошто надлежните не реагираат навреме, додека не станало прекасно?

Високите бројки на заболени од КОВИД-19 сеуште не го вклучуваат алармот кај надлежните, но докторите кои беа во првите борбени редови и го поминуваа работниот ден во скафандер апелираат веднаш да се почне со спроведување на нови мерки како ситуацијата не би ескалирала.

Нема ПЦР контрола на границите и карантин за патниците кои доаѓаат од ризичните земји, особено на оние кои се враќаат од годишни одмори од земјите во соседството.

Нема ни задолжителен карантин за сите кои доаѓаат од овие земји, а дупките во заштитата носат можност некоја од варијантите да создаде кластери и широка трансмисија.

Се пуштија рестораните за свадби, а несовесноста на граѓаните допрва ќе почне да се покажува, вчера со 164 заболени и 3 пријавени смртни случаи.

Сторете нешто пред да биде предоцна, апелираат стручните лица.