„Охридско лето“ го слави 61 роденден

Лого на манифестацијата Охридско лето

И оваа година, 40-те фестивалски денови нудат врвна уметност и култура со учество на над илјада уметници, актери, театарски работници, солисти, хористи, музичари од сите земји во светот. И во време на пандемија успеавме да ја продолжиме традицијата, да го задржиме квалитетот и да ги донесеме најдобрите домашни и светски уметници. Посебно сум горда што и покрај здравствената криза со ковид-19, успеавме  оваа манифестација да не изгуби од својот квалитет, изјави директорката Поповиќ.

МНТ излеа, според оригинална гипсена биста три сигнирани  копии во бронза од кои една е во сопственост на д-р Стефан Тофовиќ, една е дел од музејската поставка на МНТ а една, еве денес, се предава на НУ „Охридско лето“. Ликот на Орфеј во „Орфеј и Евридика“ на Кристоф Вилибалд Глук е желба на Ана Липша-Тофовиќ која во 1950 година премиерно ја изведува на Операта при МНТ. Токму таа страст и големина на ликот скулпторот Тодоровски ја преточува во елегантна и суптилна форма, со здржана лиричност, строга поетичност на чувствата и голема симболика во преточувањето на ликот на Орфеј и можноста на Ана Липша Тофовиќ,рече Ивана Јарчевска, раководител на Музејот при МНТ.

Според директорката Поповиќ, бронзената биста за фестивалот претставува вреден спомен кој секогаш ќе потсетува на нејзиното дело и зборовите „ да ни е вечно Охридско лето “.

Одбележувањето на шеесет и првиот роденден ќе продолжи и вечерва со голем концерт на етно-групата „Синтезис“ на Античкиот театар, истакна на денешната роденденска прес-конференција, селекторката на музичката програма на „Охридско лето“, Даница Стојанова.