Состојба со КОВИД-19

Вирус на КОВИД-19

На глобално ниво, до денес 3ти август 2021 година, има 198,778,175 потврдени случаи на КОВИД-19, вклучувајќи 4,235,559 смртни случаи, пријавени во СЗО. До 3 август 2021 година, вкупно се администрирани 3,886,112,928 дози на вакцина.

Во Македонија, согласно податоците од Институтот за Јавно Здравје, денес се регистрирани 37 нови случаи на КОВИД-19 од направени 3658 тестирања. Регистрирани се 23 оздравени лица. Нема пријава за починати лица денес.

Според надлежните, вакцинацијата се одвива со добро темпо на ниво на цела Република Македонија. Досега се вакцинирани 31% од населението над 18 годишна возраст.