Скандал во Токио каков што не се памети! Ја бркаат Кристина од Олимписките игри, таа одбива да си оди – преплашена бара азил!

Кристина Цимановска, Белоруска спринтерка

Белоруската спринтерка Кристина Цимановска вчера го повика Меѓународниот Олимписки Комитет да се вклучи во нејзиниот случај.

Ова се случи откако таа изјави дека е отстранета од националниот тим и е одведена на аеродромот во Токио против сопствена волја, а сè заради критиките кои ги упатила кон националните тренери.

„Барам помош од Меѓународниот Олимписки Комитет. Постои притисок врз мене. Пробаат да ме извлечат од земјата без моја дозвола. Барам да се вклучи МОК“ – порачува таа во видео кое е споделено на каналот Телеграм на Белоруската фондација за солидарност во спортот.

Телеграм е група која ги поддржува спортистите кои се во затвор или се „замолчени“ заради своите политички статови, пренесува Ројтерс.