Сашо Тасевски со нова порака до Заев

Големиот критичар на претходната власт, актерот Сашо Тасевски, продолжува со своите статуси на социјалната мрежа Фејсбук уште пожестоко да ја коментира и критикува сегашната власт.

Во еден од неговите претходни ФБ статуси, Тасевски јавно му се извинуваше на поранешниот премиер Груевски за сè што напишал против него.

Во денешниот ФБ статус Тасевски му порачува на премиерот Заев дека „лекот е понекогаш пет пари, да го повикна Груевски да дојде итно и да му ја предаде функцијата премиер“.

„Викни си го Груевски, не е тоа срамно. Ти си експерт за ајвар и коноп. Остави му го другото на Груевски да го сплеска додека си кажал “мамицатанашанеспособна”. Посрамно е постојано да го молиш Вучиќ за милостина… А уште посрамно е да ги молиш Бугарите“, пишува Тасевски.

Она што е интересно е што Тасевски има огромен број на следачи на социјалната мрежа Фејсбук, но повеќето од коментарите на граѓаните се дека „џабе му е што сега се кае, кога тој самиот придонесе Заев да дојде на власт и да ја распродаде Македонија“.

Постави одговор

Your email address will not be published.