Денес сончево со мала облачност и ветер, погледнете какво време следи од понеделник

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во источните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието.

Утринската температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а дневната од 17 до 24 степен.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе биде околу 14, а дневната ќе достигне 22 степени.

До понеделник следува период на стабилно и суво време со пониски утрински температури, кои в сабота и в недела некаде ќе бидат неколку степени над нулата. Дневните температури ќе бидат во пораст. (МИА)