ПОВЕЌЕ НЕ ИЗГЛЕДА ВАКА: Саша Ковачевиќ не бил на одмор во Турција, туку на операција (ФОТО)

Пејачот Саша Ковачевиќ, кој ни е чест гостин, деновиве открил дека во Турција не бил на одмор како што мислеле многумина, туку на операција.

– Не бев на летување, убаво ќе беше да беше така, туку по трет пат ги оперирав синусите затоа што 20 и нешто години имам проблем со алергиите. Тоа беше причината зошто заминав во Турција. Го искористив периодот кога немаме настапи и можев да си дозволам да бидам отечен“, рекол Саша за медиумите во соседството.