Министерство за здравство: Нема никаква одлука за нови рестриктивни мерки

Министерството за здравство ги демантира информациите кои неколку медиуми ги имаат објавено, а се поврзани со наводни нови рестриктивни мерки. До овој момент, велат од МЗ, нема никаква одлука за нови рестриктивни мерки.

-Викендов ќе се направи детална анализа на епидемиолошките податоци од прашалниците. Врз основа на направената анализа ќе се заземе став дали се потребни мерки и следни чекори кои ќе бидат препорачани до Владата. По завршувањето на анализата со епидемиолошката состојба, јавноста ќе биде навремено информирана, велат од МЗ.

Постави одговор

Your email address will not be published.