Ерменците соборија пет авиони на Азербејџан – дали ова станува „втора Сирија“?

Војската на Нагорно Карабах собори пет авиони на Азербејџан, тврдат ерменските власти.

Министерството за одбрана денеска соопшти дека армијата на Нагорно Карабах соборила уште пет авиони и три хеликоптери на азербејџанското воздухопловство.

Претходно, Министерството за одбрана на Ерменија соопшти дека се соборени два авиона на азербејџанското воено воздухопловство, пренесува РИА Новости.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјавил дека неговата земја потврдила дека повеќе од 300 радикални исламисти пристигнале од Сирија, преку турски Газијантеп, во зоната на судири во Нагорно-Карабах.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се надева на продолжување на офанзивата на азербејџанската армија во Нагорно Карабах. Вели дека Азербејџан веќе ослободи голема територија.

Ерменија има докази дека турската воена команда ги контролира воените операции на Азербејџан во Нагорно-Карабах, изјави ерменскиот премиер Никол Пашинјан во интервју за француски „Фигаро“.

Ерменскиот претседател Армен Саркисјан предупредува дека конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан во регионот Нагорно-Карабах може да стане „втора Сирија“ ако меѓународната заедница не преземе мерки.

Минибус е погоден во артилериски оган во Нагорно-Карабах, но нема повредени, јавија руските медиуми. Според нив, со минибусот се превезувале руски и ерменски новинари и еден американски волонтер.

Веќе неколку денови има воени дејствија во Нагорно Карабах.

Постави одговор

Your email address will not be published.