Италија ја продолжува вонредната состојба поради коронавирусот

Продолжување на вонредната состојба воведена во Италија поради пандемијата со коронавирусот е неизбежно, изјави денес италијанскиот министер Францеско Бочиа.

-Не би требало да има дилеми. Ќе имаме дискусија во парламентот, но продолжувањето би се чини неизбежно, истакнал министерот.

Италијанските власти вонредна состојба прогласија кон крајот на јануари, а во јуни ја продолжија до 15 октомври.

Италија беше меѓу првите европски земји кои беа погодени од коронавирусот, но последните месеци по бројот на новозаразени е поуспешна од останатите земји.

Бројот на нови случаи стабилно расте осум недели, а дневно бројот на заразени се движи околу 2.000 што е далеку подобро од Франција или Шпанија кои регистрираат по 16.000 односно 10.000 во дневната статистика.