Saturday, May 15, 2021
рекламно место 1spot_img
домаКУЛТУРАПромоција на "Патувањето на Петар Келемен" и "Како избравме американски претседател" вечерва...

Промоција на “Патувањето на Петар Келемен” и “Како избравме американски претседател” вечерва во Скопје.

Возбудлива приказна, преполна со хронолошки факти за сите аспекти на Атентатот во Марсеј 1934 година, преточена во романот Патувањето на Петар Келемен ќе биде промовирана вечерва во Бифе Тафталиџе (К3) со почеток во 20.00 часот.

По првото распродадено издание, за новото руво на овој исклучително возбудлив роман се погрижи издавачката куќа ‘Полица’ – Скопје, која романот го реиздаде за македонската читателска публика.

Настанот ќе биде и збогатен со промоција на хит романот “Како избравме американски претседател” кој се занимава со спектакуларното вмешување на група велешки тинејџери во изборниот систем на САД, за време на претседателските избори 2016 година.

Автор на овие два атрактивни наслови во издание на “Полица” е новинарот и публицист Александар Сашко Кукулев. Промоцијата ќе биде реализирана со стриктно почитување на пропишаните мерки за заштита од Ковид 19.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани