Домашен сладолед од кафе

Ако сте љубител на кофеинот тогаш веќе имаме рецепт за вас со кој  ќе уживате во вкусот но и ќе и пркосите на жештината. Сладолед од кафе е вашиот рецепт во кој ќе се заљубите.

Потребни состојки:

  • 300 милилитри свежо подготвено кафе, оладено
  • 150 грама индиски ореви
  • 200 милилитри кокосово млеко
  • 1 лажица какао во прав
  • 1 лажица јаворов сируп
  • 2 кафе лажички екстракт од ванила
  • Прстофат сол
  • Чоколадо за готвење
  • 1 лажица кокосово масло

Пред да почнете со подготовката на сладоледот, ставете ги индиските оревчиња во врела вода и оставете ги да отстојат на 3-4 часа, односно додека не омекнат. Пред употреба исцедете ја водата и измијте ги.

Во блендер ставете ги кафето, индиските ореви, кокосовото млеко, какаото, јаворовиот сируп, ванилата и солта. Мешајте додека не добиете мазна смеса, која потоа ќе ја сипете во калапи за сладолед. По саат време додајте го дрвеното стапче и ставете ги калапите во замрзнувач на 6-8 часа.

Пред послужување растопете го чоколадото за готвење со кокосово масло. Кога ќе го извадите сладоледот од калапите, потопете ги во стопеното чоколадо и посипете ги со парчиња чоколадо и кокос.