ЧОКОЛАДЕН ЧИЗКЕЈК БЕЗ ПЕЧЕЊЕ

Потребни состојки (од 6 до 8 парчиња):

– 150 г. благи бисквити

– 150 г. темна чоколада искршена на парчиња

– 100 г. Шеќер

– 50 г. путер растопен на собна температура

– 3 супени лажици какао во прав, малку разредено со жешка вода

– 200 г. крем-сирење

– 120 мл. шлаг

Начин на подготовка:

Искршете ги бисквитите така што ќе ги ставите во кеса за замрзнување. Поставете ја кесата врз дрвена штица за готвење и издробете ги бисквитите мавајќи со тврд предмет. Искршените бисквити измешајте ги со путерот. Оваа смеса рамномерно распоредете ја во тава и оставете ја во замрзнувач.

Стопете ја чоколадата ставајќи ја во сад над вода што врие, повремено промешувајќи. Во еден сад изматете го шлагот, па додајте го во садот со стопената чоколада, додавајќи го и какаото исто така. Во друг поголем сад за матење, изматете ги крем-сирењето и шеќерот. Откако добро ќе ги измешате, додајте ги во смесата со чоколада и промешајте ги заедно.

Оваа смеса додајте ја над стврднатата смеса со бисквити, а потоа оставете да отстои во замрзнувач 1 час. Оставете ја на собна температура половина час пред да сервирате. За полесно да ја исечете тортата, потопете го ножот во жешка вода.

Како декорација може да го прелиете секое парче со растопена чоколада и да додадете чоколадни трошки или чоколадни топчиња.