ТАЖНА ВЕСТ: Почина легендарната македонска пеjачка

На 82-годишна возраст, денеска почина доајенот на македонската музика, Нина Спирова.

На домашната музичка сцена остави трајни вредности по кои вечно ќе биде запаметена како една од најплодните пејачки на староградска музика.

Таа има исполнето и снимено голем број познати музички хитови, од страна на светски аранжери како и голем број на обработки на македонски народни песни. Незаборавн се нејзините интерпретеации на „Бог да бие кој прв почна”, „Пилето ми пее”, „Не си го продавај Кољо чифликот”, „Судбо моја, судбино”, „Зајди, зајди, јасно сонце”, „Кажи, кажи либе Стано”, како и нејзиниот најголем евергрин „Еден бакнеж”.
Родена е на 26 октомври 1938 година во Прилеп, а поради нејзината скромност и повлеченост од јавниот живот, за неа се познати многу малку приватни податоци.

https://youtu.be/ooIrm4yXzZ0