Пригответе здрава и вкусна чорба со спанаќ, која ќе ја обожаваат и вашите дечиња

Потребни состојки:

  • 200 грама спанаќ
  • 4-5 компири
  • 1 зелена пиперка
  • 2 моркови
  • 1 поголем домат
  • малку зелка
  • магдонос
  • 1 помал праз
  • 1 лажица брашно
  • Црвен пипер
  • Зачини, сол и масло

На загреано масло се запржува празот, пиперката и морковот, па се додава останатиот исечкан зеленчук. Потоа додајте пипер и вода.
Се готви на тивок оган за убаво да се свари зеленчукот, но и продуктите да си ги задржат хранливите материи.
Се додава сол, зачини по желба и лажица брашно измешано со малку вода.
На крај додајте го исечканиот магдонос и по ваша желба може да ставите 2 чешниња исечкан лук.
Пријатен ручек.