Monday, January 30, 2023
рекламно место 1spot_img
домаВЕСТИМицкоски: Власта се фали со уривање на дивоградба во „Мавровка“, а сами...

Мицкоски: Власта се фали со уривање на дивоградба во „Мавровка“, а сами дозволија да се изгради

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Дојче Веле вели дека власта продолжува за своите неуспеси да наоѓа виновник во опозицијата, се фали со рушење на нелегален објект за кој самата овозможила тој да се изгради, наместо да реагира.

„Во општествениот дискурс наметнаа една шизофрена состојба, која е мотивирана и потхранувана од власта, а тоа е создавање на чувство и перцепеција дека за сите неправди, криминали, поларизирања, сиромаштија и економска стагнација не се виновни оние кои се извор на тоа, а тоа е СДСМ и целокупната власт, туку дека е виновна ВМРО-ДПМНЕ која тоа не го спречува, иако ние како партија со сите наши сили се бориме против тоа зло.

Замислете – ние имаме состојба која се гради низ медиумите дека треба да се прослави, на пример, спроведување на законот со рушење на дивоградбата во „Мавровка“ кои сами дозволија да се изгради, и сега тоа е вест, а всушност треба да биде рутинска работа на државните органи кои пропуштиле да си ја завршат работатата. Но народот е целосно свесен со што си има работа и допрва нѐ чека напорна работа и многу труд за рушење на овој хибриден режим. Освежувањата кои ги правиме ќе бидат нова енергија во таа борба против власта и верувам во успех. Во државава има огромно опозициско расположение“, вели Мицкоски за ДВ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани