Милион евра за само Шилегов да не го касаат комарци

По бројните поплаки од страна на граѓаните за енормиот број на комарци во Скопје, неколкуте правдања и смешни изјави на скопскиот градоначалник Петре Шилегов за состојбата со комарците во главниот град, се уште е нејасно како за разлика од лани кога прскањата беа навремени, сега градоначалникот потроши над милион евра пари од скопската каса на неуспешни прскања кои не дадоа никаков ефект.

Да потсетиме дека Владата уште во март годинава со соопштение го потсети скопскиот градоначалник Петре Шилегов и останатите општини дека треба да се спроведе прскање против комарци, а особено важно беше првото прскање кое требаше по најавите да се изврши пред летото, јавната набавка започна на 19 февруари, но Шилегов испитуваше три месеци дали средството за прскање е штетно.

По неколкуте одложувања, прскањето започна во сред лето иако експертите предупредуваа дека истото се прави кога комарците се ларви, Шилегов дозволи да се развијат штетниците до степен да неколкуте фази на прскање подоцна не дадоа никаков ефект, затоа што Скопје се уште врие од комарци. Скопскиот градоначалник кој иако не е каснат од комарец летово, како што вели стана уште и експерт за штетните инсекти, па изјави дека доволно прскања имало годинава, експанзијата на комарците се должела на месецот август кој бил највлажен месец во последните 50-тина години, па ги обвини врнежите за вонредното размножување на комарците.

Ваквите изјави на Шилегов кои служат само за потсмев во јавноста и меѓу скопјани, се уште не ги оправдуваат 67-те милиони денари дадени од џебот на скопјани за закаснетите прскања на Шилегов кои не дадоа никаков ефект.

Имено, Шилегов дури на 8-ми мај склучи договор со двете фирми за прскање против комарци вреден 1,1 милион евра, првата фирма според договорот треба да добие 34 милиони денари за набавка на средства за уништување на комарците, а втората фирма 32 милиони денари за авионска апликација.

Иако Градот вели дека се прска со најдобриот светски препарат „Бајер“, скопјани велат дека ваква наезда од штетните инсекти не се памети. И покрај најдобрите светски препарати за прскање, и дадените над милион евра по се изгледа дека Шилегов џабе ги фрли парите, редовните прскања беа закаснети и не дадоа никаков резултат, вонредните прскања исто беа неуспешни, а од Градот се уште молк за неодговорното, расипничко и недомаќинсо работење на скопскиот градоначалник кој не мисли дека е одговорен за експанзијата на штетните инсекти и тоа во екот на пандемијата со корона вирус.