Friday, September 22, 2023
рекламно место 1spot_img
домаВЕСТИВладата без план како да се згрижат сите деца во градинките

Владата без план како да се згрижат сите деца во градинките

Пред само неколку дена Владата донесе одлука дека градинките во државава ќе започнат со работа на 9 септември. Но, со самото ова не завршуваат проблемите и дилемите на родителите кои што чекаат своите деца да ги згрижат во градинка, а тие да се вратат на своите работни места.

Освен донесениот протокол и одлуката за старт на градинките, Владата не објаснува прецизно како ќе се одвива престојот на децата во градинките.

Прво што треба да се направи, пред да почне приемот на децата, е скрининг и тестирање од корона вирусот на сите вработени во установите.

Последниот скрининг на вработените во градинките е направен во месец мај кога имаше најави дека градинките може да се отворат во јуни месец. Или ова беше непотребен скриниг, трошење на време, ресуси и слично.

Сега градинките стартуваат без направен скриниг кај вработените. Без скрининг на вработените голем е ризикот од зараза и ширење на корона вирусот меѓу вработените, но и меѓу децата.

Втор проблем кој се појавува во врска со градинките е недостигот на кадар. Според протоколите групите на деца се со помал број, а за да се примат сите деца значи треба повеќе вработени во градинките, или повеќе негувателки и воситувачи. Значи сега нема да можат сите деца да одат во градинка, а родителите ќе мораат на работа. Што со овие луѓе, ќе се откажат од работа за да ги луваат децата, ќе бидат отпуштени…? Дополнително на ова е, што со вработени во градинките кои се со хронични болести. Ако и тие остнуваат дома, тоа знали дополнително намалување и на веќе постоечкиот кадар.

Оттука има многу дилеми кај родителите. Има ли власта план и стратегија како ќе одговори на овие прашања на родтелите?
Што велат протоколите?

-Воспитните групи за деца до 2 годишна возраст да имаат максимум по 6 деца и двајца вработени во смена. Воспитните групи за деца од З до 10 годишна возраст да имаат максимум по 15 деца и двајца вработени во смена, стои во протоколот за работа на воспитно згрижувачките установи.

Со самата одлука на Владата за отворање на градинките и донесениот протокол за работа не се решава проблемот на родителиет кои имаат потреба од згрижување на децата во градинка. Ќе има родители кои ќе извисат, затоа што, поради горе наведените причини, градинките ќе работат со намален, ако не и преполовен капацитет на вработени, а дел од децата треба сепак да останат дома.

Родители на деца на школска и предшколска возраст на социјалните мрежи реагираат и коментираат дека власта нема план како да го реши реалниот проблем, кој се поизвесно е дека ќе се појави со самиот старт на училиштата и градинките. Тие додаваат дека Владата сериозно мора да размисли за овие проблеми и да изнајде конкретни решенија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани