Стоилковски: Цела година од аферата Леонардо тешка 7 милиони евра во која беше вклучен Рашковски, а епилог нема

-“Leonardo will win“. Леонардо ќе победи и очигледно- победи! Случајот се забошоти, за Рашковски уште нема процес! Драги Рашковски, генерален секретар на влада, јасен и гласен на снимката објавена во домашните и странските медиуми и вели: „Leonardo will win“ односно Леонардо ќе победи. Апла местење кој треба да добие тендерот. И цела година помина откако излезе аферата Леонардо тешка 7 милиони евра, а нема епилог! Драги Рашковски му заврши секретарувањето во Владата без правен епилог за местење тендер! Лани на 4 јули постапка отвори ДКСК, а на 19 септември постапка отвори ЈО! И нема епилог, мандатот му заврши, случајот се забошоти, а Драги Рашковски може да се врати пред студентите на Правниот факултет Јустинијан први! Каква фарса, каков дебакл на правниот систем, каков апсурд за сите студенти на право, изјави денес за медиумите портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека од аудиото кое предизвика и потрес во Италија, јасно е дека Рашковски преговарал задолжен од Зоран Заев кој што стои зад нарачката на скандалозниот тендер. ЈО на Јовески и Рускоска остана на содржински празно соопштение дека е почната постапка, внимавајте „по реакциите во јавноста”!“ И толку! Во оваа правната фарса, фактите се овие: Рашковски не беше и не е приведен, ниту притворен, до крај остана Генерален секретар на влада, до сега имаше над позиција да влијае врз сведоци и докази, скандалот е меѓународен, му се остави простор тој да се заканува и гони медиуми, новинари и опозициски функционери. И тоа се случи!

-Му се остави до крај можности за повторување на делото, особено што беше задолжен и за решавање на спорните моменти со дел од ваучерите- изборниот поткуп среде епидемијата! И со сето тоа се сокри кој му дал наредба да го мести тендерот? ДКСК го сокри Рашковски зад некакви ревизорски извештаи, како што ја сокри и Ангеловска со некакви изговори за неетичност, а ЈО е главниот кочничар на правдата во овој случај!
Да потсетам: -Според информациите Рашковски доделува тендер на италијанската компанија Леонардо за набавка на систем за управување со воздушен простор во вредност од 7 милиони евра, иако важноста на тендерската документација е истечена, тоа е спротивно на заклучок на влада, како и спротивно на одредени законски решенија, за кои како што вели во снимките треба да бидат сменети. Постојат сериозни индиции дека Рашковски сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 според кој се предвидува затворска казна од најмалку 5 години, посочи Стоилковски.

И тоа и овој предмет се уште стои во место. Џабе што предвидува, кога никој не смее да спроведува, ако се работи за луѓе блиски и кадри на Зоран Заев!
Јовески и Рускоска требаше до сега да имаат барем одговорено:
1.Како е можно да биде доделен тендер на компанија со истечена тендерска документација?
2.Како и дали Рашковски го повлекол заклучокот на владата за кој претседателот на М-НАВ укажува дека е спорен?
3.Кои закони и подзаконски акти Сугарески и неговиот шеф на кабинет ги испратиле во Собранието за изменување и што се требало да се смени за да можат да го доделат тендерот на договорената фирма?
4.Што вели наодот од Бирото за судски вештачења кој што се крие од компаниите учеснички на тендерот?

  1. Зошто Рашковски беше оставен во позиција со простор да го повтори делото и да влијае врз сведоци и докази?
    Правната фарсата од Обвинителството и водењето на истрагата за Леонардо се доказ за постоење на можно криминално здружување на власта и сиот правнообвинителски систем, за уцени, рекет и неказнивост за криминал и висока корупција. Со ваква иста власт сега, Македонија само повеќе и повеќе ќе тоне. Каква борба со корупција, каков министер за борба со корупција- се е тоа фарса, заклучи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.