Tuesday, May 30, 2023
рекламно место 1spot_img
домаЖИВОТВкусовиВКУСЕТЕ ГО ОВОЈ ФРАНЦУСКИ РЕЦЕПТ ЗА НАЈМЕКИОТ ЛЕБ ШТО ДОСЕА СТЕ ГО...

ВКУСЕТЕ ГО ОВОЈ ФРАНЦУСКИ РЕЦЕПТ ЗА НАЈМЕКИОТ ЛЕБ ШТО ДОСЕА СТЕ ГО ВКУСИЛЕ

Потребни состојки:

– 950 милилитри вода

– 6 лажици шеќер

– 4 лажици инстант квасец

– 230 милилитри растително масло

– 2 лажици сол

– 1.200 грама брашно

Во голем сад, се мешаат водата, шеќерот и квасецот и се оставаат да отстојат 2-3 минути.

Потоа додајте ги маслото, солта и брашното и замесете го тестото. Прво ставете 1 килограм од брашното, а останатото додавајте го полека сè додека не добиете влажно, но нелепливо тесто. Оставете да отстои 10-тина минути, па премесете го со раце.

Повторете ја постапката уште 4-5 пати. Ќе добиете универзално тесто со коешто можете да се забавувате на секој можен начин. На пример, багети или кифличките кои ќе бидат превкусни, без разлика дали се полнети или празни.

Сè што ќе замислите – сè може да се направи од ова тесто! Печете околу 20-30 минути на 200 степени, или адаптирајте ги времето и температурата според дебелината на тестото.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани