На Русинка и влегла змија во уста додека спиела ВИДЕО

Змија долга околу еден и пол метар извадена е од устата на една Русинка. Во устата на жената, змијата најверојатно влегла додека таа спиела во дворот на својата куќа во Дагестан.

Засега неименуваната жена, откако се разбдила, се чуствувала многу лошо и повикала Итна помош.

Таа е префрлена во болница и по прегледот, веднаш добила анестезија.

Со помош на специјални цевки и инструменти, медицински тим извел несекојдневен зафат и лекарот од устата на жената извадил змија.

Лекарите најпрвин не знаеле што извлекле од телото на жената, но страшно биле изненадени кога сфатиле дека станува збор за змија.

Некои од членовите на медицинскиот тим кои учествувале во интервенцијата вриснале кога виделе колку е долга змијата.

https://youtu.be/A4YUxG_ko70