Friday, September 29, 2023
рекламно место 1spot_img
домаВЕСТИПратениците ќе гласаат онлајн

Пратениците ќе гласаат онлајн

Поради коронавирусот Собранието се подготвува да работи од далечина. Ова го потврди претседателот на Собранието Талат Џафери на средбата со британската амбасадорка во Македонија Рејчел Галовеј на денешната средба.

Претходно беше најавено дека се подготвува платформа која ќе овозможи пратениците да работат и да гласаат онлајн.

-Соочени со предизвиците од пандемијата со ковид-19, сите заедно ќе треба консензуално да изградат деловничка основа за можност за работа на Собранието од далечина, особено за гласање од далечина, бидејќи неизвесноста со пандемијата во претстојниот есенски и зимски период е голема и ќе изискува ставање во располагање на сите капацитети за справување со овие ризици, како и донесување на времени правила за работа на Собранието во вонредна состојба, соопшти Собранието.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани