Докажано: Мажите најчесто го изневеруваат овој тип жени

Незадоволство, недостаток на лична сатисфакција или потреба за одмазда – се најчестите причини зошто некои луѓе се одлучуваат за неверство.

Новите истражувања анализирале разни аспекти од животот на мажите и жените за да откријат кои се најчестите причини партнерите да ги изневерат.

Британскиот сајт за запознавање луѓе кои што се во брак, врз основа на 100.000 профили открил дека постои заеднички именител кога станува збор за неверството.

Жени

Најголемиот број од жените кои што не се вработени и кои што на сајтот како своја професија навеле ”домаќинка”, најчесто се впуштаат во љубовни афери.

Кристијан Грант, главниот човек на британскиот сајт, објаснил дека желбата на жените за неверство е последица на чувство на отфрленост и осаменост.

„Жената која што изневерува не е водена од ароганција или его, туку од чувството на осаменост и незадоволство од бракот. Жените кои што се домаќинки најголемиот дел од својот работен ден се осамени“.

Мажи

Кога мажите изневеруваат, работите се малку поразлични. Високи, богати и интелигентни – тие често изневеруваат, и тоа само поради потребата да го задоволат нивното его.

„Тие ги сакаат сите или барем мислат дека можат да ги поседуваат сите. Тие најчесто сакаат и брак и љубовница. Богатите мажи најчесто се склони кон неверство, во однос на останатите“ – заклучил Грант.