Скопје и Чаир на врвот на листата со најмногу заразени – овие два македонски града немаат ниту еден заболен, во Козле хоспитализирани 5 деца
Големо намалување на бројот на новозаразени со Ковид-19 е регистрирано вчера кога по подолго време имаше само 11 нови случаи од направени 450 тестирања. Иако бројот на тестирања е помал, може да се забележи дека е релативно низок процентот на позитивни лица од тестирањето, односно оти тој е помал од три отсто. Помал број заболени беше регистриран и завчера, кога имаше 39 заболени од 817 тестирања.
Институтот за јавно здравје вчера регистрира 95 оздравени пациент и тоа најголем дел во Скопје-44, потоа во Штип-16, Прилеп-3, Велес-2, Кавадарци-4, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-2, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Виница-3, Свети Николе-11, Кичево-1 и во Неготино-1.
Починати се три лица, пациент од Гостивар (51г), пациент од Прилеп (65г) и пациентка од Виница (78г). Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14341, бројката на оздравени пациенти е 11157, на починати е 603, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2581.
Се уште најголем број активни случаи има во Скопје – 812, а во Ресен и во Крушево нема активни случаи. Од Скопските општини Чаир и натаму е со најголем број активни случаи – 104.
На Инфективната клиника биле примени тројца пациенти, со што вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 43, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, пет позитивни деца, три мајки и три деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се три нови, вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респираторна машина е еден пациент. Во другите болници во земјава се хоспитализирани вкупно 181 пациент позитивни и сомнителни на Ковид-19.