Мицевски со предлог – Зошто Комисијата за здравство не се прошири, во услови на пандемија таа може да помогне најмногу

Пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ денес се обрати на собраниска седница. При своето обраќање нагласи дека не може претседателот на Собранието, да ги обвинува координаторите на несработена работа, а тоа не е нивна надлежност. Во текот на својот говор Мицевски запраша зошто не се прошири Комисијата за здравство, бидејќи таа во услови на пандемија може многу да помогне.

„Се повикувате на координатори на пратеничките групи, дека не донеле или не дале предлог за формирање, одлука за основање на постојани работни тела. Тоа не е обврска на координаторите на пратеничките групи. И врз основа на предлогот, одлука ние која што ја имаме доставено се повикуваме на член 76, став 1 каде што вели – „Собранието основа постојани и привремени работни тела“. Се повикуваме на членовите 118, став 5 каде што вели – „Составот на работните тела и анкетните комисии се утврдува со одлука на Собранието во зависност од бројот на пратениците и пратеничките групи. Пратениците се организирани во пратенички групи согласно законот на еднакви можности на мажите и жените“. И на став 119, став 1, работното тело има претседател, заменик претседател, одреден број на членови и нивни заменици“. И таа одлука е изготвена по долги консултации, преговори и разговори“, нагласи Мицевски на Талат Џафери.

Мицевски додаде дека и тој предлог на состав е доставен на Собранието како највисок форум на одлучување. И работата на координаторите завршува тука.

„Во моментов имаме голем број на пратеници доктори кои што се инфектолози и пратеници кои што можат да помогнат на Комисија за здравство. Ние имаме ограничено број на пратеници колку што имаме, пет, десет. Зошто ако сметаме дека во услови на пандемија таа Комисија може да помогне по однос на одредени прашања кои што се тековни и се однесуваа на безбедноста на здравјето на граѓаните, не го зголемиме бројот на членовите во таа Комисија“, запраша Мицевски.

Мицевски рече дека за жал тој чекор, таа постапка се прескокна, а можеше многу да помогне посебно сега во услови на пандемија.

Постави одговор

Your email address will not be published.