За Филипче се е под контрола иако двамилионска Македонија има 729 смртни случаи, а четиримилионска Хрватска 270

Бројот на смртни случаи од коронавирусот се намалува, освен еден мал пик кој го имаше пред неколку недели, рече вечерва министерот за здравство, Венко Филипче, на гостувањето на телевизија Телма во емисијата Топ тема.

Според него, многу е тешко да се утврди кои се фактори кои придонесуваат за смртноста.

-Се уште има пациенти кои доаѓаат многу доцна кај лекарите, во болниците. Ние секогаш за време на кризата немавме таква криза да нема болнички кревет за да се смести болен, рече Филипче.

Инаку бројката на починати денеска достигна 729 лица. За разлика од двамилионска Македонија каде се починати околу 730 лица од почеток на пандемијата, во четиримилионска Хрватска се починати околу 270 лица или речиси три пати помалку починати од коронавирусот за разлика од кај нас.

Постави одговор

Your email address will not be published.