Жан Митрев се оградува од обвинетиот терорист во Германија: Тоа не е мојот син!

„Тој не е мојот син“, вели Жан Митрев, сопственикот на истоимената клиника, по објавувувањето на информациите дека 25-годишниот Филан Митрев, лани во ноември бил уапсен за планирање терористички напад врз клучни објекти низ Германија, а за акцијата набавил и хемикалии за правење бомба, обајви А1он.

Од изјавата што сопственикот на клиниката „Жан Митрев“ ја даде за медиумот останува нејасно дали тој се откажал од неговиот син или пак во целост демантира било каква поврзаност за лицето кое се сомничи дека е дел од терористичка организација.

Тоа не е мој син! Случајно има исто презиме како моето, изјавил за А1он Митрев.

Целиот текст на А1он.

Инаку во регионалниот суд во Франкфурт започна судскиот процес во кој обвинет за тероризам е германскиот државјанин Филан М. кој е по потекло од Македонија. Германските медиуми пишуваат дека станува збор за синот на д-р Жан Митрев кој е сопственик на приватна кардиохируршка клиника во Скопје.

https://zbor.com.mk/2020/09/10/%d1%81%d0%b8%d0%bd%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%b6%d0%b0%d0%bd-%d0%bc%d0%b8%d1%82%d1%80%d0%b5%d0%b2-ya%d0%bfc%d0%b5%d0%bd-%d0%b2%d0%be-%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%bc%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b1/?fbclid=IwAR1Ph9ZnsyX01O8gpQPzGHw2a0FsmIotxHfPnw7YodXXlsmJsGH7l2wHzAM
Постави одговор

Your email address will not be published.