Димовски – Јаневски од ВВ Тиквеш кој бил советник на Спасовски, на лозарите им нуди понижувачки цени за откуп на винското грозјето, за кои владата знаела

-Јаневски од ВВ Тиквеш бил советник на техничкиот премиер Оливер Спасовски, а со знаење на претседателот на СДС Заев. Деновиве истиот тој владино-партиски советник на лозарите им нуди понижувачки цени за откуп на винското грозјето, за кои владиниот врв не можел да не знае.
Истовремено, додека бил владин советник постојат индиции дека Свето Јаневски земал владини субвенции за околу 300 вработени во неговите фирми, стои во Фејсбук статусот на Љупчо Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој потенцира дека има индиции дека за време на изборната кампања активно помагал едно од крилата на СДС. И сега старо-новиот премиер Заев утре ќе се сретне со лозарите за да ги манипулира дека тој не знаел дека владиниот советник Свето ги манипулирал лозарите!?

-Тоа ќе биде дупло понижување за лозарите, кои се соочуваат со најтешката криза во нивното производство и продажба на грозјето. ПС: наскоро следи анализа на “соопштението” на ВВ Тиквеш и понижувањето и новиот грабеж на чесните македонски лозари, напиша Димовски.

https://www.facebook.com/ljdimovski/posts/145678597196880
Постави одговор

Your email address will not be published.