ВМРО-ДПМНЕ продолжува со процесот на кадровско освежување, објавен повик за претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ

-ВМРО-ДПМНЕ продолжува со процесот на кадровско освежување и катарза најавено од страна на претседателот проф. Д-р. Христијан Мицкоски. Во таа насока, а врз основа на Статут од денес се распишува јавен повик за кандидирање на Претседател на Унија на Жени на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие во прилог го испраќаат јавниот повик, како и потребната апликација во електронска форма. Огласот е активен до 14.09.2020 година, деталите околу огласот се содржани во јавниот повик.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ги охрабруваат сите членови на партијата кои ги исполнуваат условите да аплицираат и да дадат свој допринес во борбата за подобра иднина на нашата татковина. Процесот на освежување ќе продолжи во периодот пред нас.

Постави одговор

Your email address will not be published.