Monday, January 30, 2023
рекламно место 1spot_img
домаВЕСТИГероски: Оваа влада нема да има мир ни 100 часа, а не...

Героски: Оваа влада нема да има мир ни 100 часа, а не да зборуваме за 100 дена

Оваа влада нема да има мир ни 100 часа, а не да зборуваме за 100 дена. Ова барем што се однесува до мене, бидејќи ситуацијата е специфична, денес се е завршено и веќе утре би требало да работат со полна пареа, рече новинарот и аналитичар Бранко Героски на гостувањето на телевизија Канал 5 на емисијата Само вистина.

Героски се осврна на функцијата вицепремиер за борба против корупцијата посочувајќи дека неговата работа и функцијата не се баш јасни.

-Добро е што борбата против криминалот и корупцијата е прва, е приоритет. Тоа е признание за нивните слабости, за слабостите на СДСМ, претходната влада на СДСМ, за што јас зборував и пишував. Но, не е јасно што тоа значи освен што е јасно дека ќе има прочистување, се смисли на кадровско прочистување, а јас сум голем скептик. Не гледам како ќе го прават тоа, нема концепт. А го има секаде, корупцијата ја има секаде, можеби во судството е најизразена, таа е плод да се задоволат интересите на врхушката во СДСМ затоа што борбата против корупцијата не е кај извршната власт. Вицепремиерот можеби ќе може да координира и да прави политики, но директно не е надлежен за тоа, објасни Героски.

Според него оваа влада нема концепт и е ЌЕ влада. Героски укажа дека е чудно затоа што ова е во еден дел влада во контиуитет со отприлика исти кадри.

-Отрилика исти кадри, а се воведува нова функција вицепремиер за борба против корупцијата. Борбата против корупцијата и криминалот е јасно кој е надлежен за неа, обвинителство, судство, има институции и тука не може да се меша некој од извршната власт. Исто не објаснија ниту што точно тој ќе работи. Многу ќе биде опасно ако извршаната власт почне да се меша во судската. Ако вицепремиерот Николовски доаѓа со идеја дека ќе може да влијае врз едно независно тело како Антикорупциска тогаш може слободно да се стави клуч на Илинденска и на таа Комисија и да си одат дома, бидејќи од таа работа не може да има ништо. јаас не знам што ќе работи овој вицепремиер, но знам што нема да работи нема да може да му се јавува на министерот за внатрешни Спасовски. Мора да функционира поделба на власт, рече Героски.

Извор:Курир.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани