Јаулески од собранието – Образованието е на дното, без концепт и визија

Расправата во Собранието за избор на Влада продолжува по паузата, откако претседателот на Парламентот Талат Џафери рече дека според протоколот треба да ја даде за два часа по почетокот на седницата.

Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ рече дека образованието е на дното, без концепт и визија.

-Во последниве три години рангирањето на УКИМ се наоѓа на 1917 место од вкупно 2000 рангирани универзитети. Законот за високо образование остана празно слово на хартија, а престижниот Економист не стави на осмо место во светот по одлив на мозоци, истакна Јаулески