ДЕНЕСКА +40 ВО МАКЕДОНИЈА- доколку немате потреба не излегувајте од дома, до крајот на неделата целосен пресврт и пад на температурите

Времето денеска во земјава ќе биде сончево и многу топло, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 15 до 20, а дневната од 32 до 38 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

И во Скопје времето ќе биде сончево и топло.

Според УХМР, од вторник дневните температури постепено ќе опаѓаат. Во четврток и петок се очекува развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.