Sunday, February 5, 2023
рекламно место 1spot_img
домаВЕСТИУМС на ВМРО-ДПМНЕ - Владата како бутик ништо ново, железни опинци, чист...

УМС на ВМРО-ДПМНЕ – Владата како бутик ништо ново, железни опинци, чист воздух, Гугл и Фејсбук, 5 пари не вреди

Се наоѓаме пред владата на нашата држава.  Оваа влада може слободно да се нарече бутик „ништо ново“, поради својот тендерашко криминоген менталитет и старите истрошени кадри од транзицијата, ова денеска го истакна Сергеј Попов од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

-Во овој бутик „ништо ново” како во минатите години така и во месеците што следат ќе можете да видете понуда: железни опинци на Заев затоа што викаше дека ќе ги облечел, ама 500 евра просек плата ќе имало, 500 евра просек плата нема, но затоа железни опинци има. Во овој бутик „ништо ново“ може да се најдат и искинати чевли, оние чевли ги оставаше Заев пред владата за иселените млади. Тука од овој бутик ќе видите и Фејсбук и Гугл кои само што не инвестирале. Санос автобуси, и секако славната Луј Витон чанта за продолжување на рекетот кој сега веќе е станат државно главно занимање. Ќе најдете и кесиња чист воздух, празна слама и многу лаги. Тоа оваа влада и го ветува, вели Попов.

Тој додава дека и на крајот секако се прашувате колку чини овој владин бутик, чини 5 пари. Согласно признанието на самиот Зоран Заев. Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ гласно и јасно кажува дека овој бутик има рок на траење и тој е многу краток.

-УМС останува со младите, ВМРО-ДПМНЕ останува со народот, потенцира Попов.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани