Пренџов – И покрај што оваа власт го смени уставното име и ги среди односите во наводници со соседите, доби шлаканица од ЕУ

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов вчера во Собранието преку свој говор ја потсети власта и јавноста зошто дојдоа предвремените избори годинава.

-Дојдовме до предвремени парламентарни избори и до состав на нова влада затоа што добивме шлаканица од ЕУ иако го сменивме уставното име, ги решивме сите прашања со соседите во наводници и повторно добивме негативен одговор. Од Брисел добивме одговор дека тие не сакаат да седат со влада која секој ден имаат по некоја криминална афера, вели Пренџов.

Целиот говор од собраниската говорница можете да го проследите во продолжение: