Рашела Мизрахи – Зошто кога нема живот…нема живот за сите!

Доверба – Вербa, увереност во искреноста, чесноста, добронамерноста на некого, во неговите способности и стручност.Мемоарите на кандидатот иден премиер.ИМЕ!!! ИДЕНТИТЕТ!!!ДОВЕРБА нема ни за членството во ЕУ…И сега дали ќе се откажете и од Гоце Делчев или јазикот како што се откажавте од името за кое се колневте во своите деца?

Доверба нема ниту во вашите зборови за ПРАВО – ПРАВДА, ниту во здравство, ниту во образование…Господине Заев,Холокаустот не е еврејска традиција.Гоце Делчев не е борец против слободата и против социјалните правдини.НЕ!!! НЕ блескаме во светот, НЕ држиме лекција на Европа со европски манири и со европски вредности, НЕМА европски начин на однесување!!!И не, со ставање сидро не се влече напред!!!

Почитувани пратеници од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Почитувани сограѓани симпатизери и членови на СДСМ,Познавам многумина од вас и лично, во вашата партија познавам капацитетни и силно едуцирани луѓе со висок потенцијал како и чест и образ.

И затоа верувам дека можете да предложите и поинаков мандатар како сите граѓани би имале поинаков Премиер на Република Македонија.Зошто кога нема живот…нема живот за сите!