Sunday, February 5, 2023
рекламно место 1spot_img
домаВЕСТИБројката надмина 14 илјади заразени Македонци, земјите од регионов ќе изработат протокол...

Бројката надмина 14 илјади заразени Македонци, земјите од регионов ќе изработат протокол за отворање на границите

Во земјава во претходното деноноќие се регистрирани 89 нови случаи со Ковид-19 од направени 1.529 тестирања. Починати се седум пациенти, а оздравени 215 лица. Во меѓувреме, на видеоконференција на тема Ковид-19 во земјите од Западен Балкан, Грција и Бугарија, државите од регионов се договорија да изработат протоколи за отворање на границите.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.004,  бројката на оздравени пациенти е 10.722, на починати е 585, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.697.

На Инфективната клиника во претходното деноноќие примени се осум пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти од кои на кислородна поддршка се 54, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 18 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, седум позитивни деца, една мајка и едно дете суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се четири пациенти. Вкупно хоспитализирани се 37 пациенти од кои на респираторна машина се пет пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 107, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Истрибуцијата по градови е следна: Скопје 5.821, активни 847, Куманово 1.420, активни 371, Дебар 243, активни 78, Штип 1.119, активни 214, Прилеп 435, активни 92, Тетово 1.202, активни 179, Струга 553, активни 59, Велес 265, активни 26, Битола 199, активни 41, Охрид 331, активни 30, Кавадарци 173, активни 71, Гостивар 761, активни 269, Гевгелија 42, активни 21 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци), Струмица 59, активни 21, Крива Паланка 39, активни 11, Радовиш 41, активни 12, Крушево 16, активни 0, Кочани 138, активни 25, Пробиштип 78, активни 19, Демир Хисар 60, активни 17, Македонски Брод 70, активни 20, Пехчево 15, активни 9, Берово 50, активни 41, Валандово 8, активни 1, Виница 64, активни 36, Делчево 46, активни 40 (10 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица), Кратово 16, активни 1, Свети Николе 281, активни 58, Кичево 268, активни 75, Ресен 146, активни 0, Неготино 45, активни 13 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

Активни случаи по општини Скопје вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) – во Чаир – 110, Гази Баба – 107, Аеродром – 101, Карпош – 86, Центар – 90, Кисела Вода – 96, Ѓорче Петров – 55, Бутел – 65, Шуто Оризари – 32, Студеничани – 19, Сарај – 28, Арачиново – 16, Илинден – 11, Сопиште – 6, Чучер Сандево – 6, Петровец – 9, Зелениково – 4, Странец – 5, Нераспределен – 1.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани