Sunday, January 29, 2023
рекламно место 1spot_img
домаВЕСТИСтојаноски: Граѓаните имаат стотици проблеми од елементарна природа, ама ете со оваа...

Стојаноски: Граѓаните имаат стотици проблеми од елементарна природа, ама ете со оваа одлука барем нема да гледаат пружени алишта на главните улици

Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук ги наброја сите „успеси“ на градоначалникот на Ѓорче Петров во изминатите три години.

-Изминативе неколку дена тема во медиумите е забраната за сушење алишта во Ѓорче Петров во дворните места што се со поглед на улица или на плоштад, одлука која е донесена од градоначалникот на општината Александар Наумоски, со цел како што самиот вели еколошко решение против загадување на околината.
Нема да коментирам колку е успешен во реализацијата на проектите и исполнувањето на ветувањата, граѓаните на Ѓорче Петров јасно го знаат тоа, ама мора да ја искоментирам тенденцијата која што започна од самото почнување на неговиот мандат, а во кој со своето однесување ги полни насловите на весниците, порталите и содржините на вестите со негативни содржини кој го нарушуваат угледот и репутацијата на општината.
Имено во изминатите три години Александар Наумоски со своето ”работење” ги забележа следниве ”успеси”:
▶️ задолжување од 14,5 милиони денари за корзото, со кое си го уреди сопствениот двор
▶️ дуелот со баба Перса
▶️ ги подели на половина училниците во ОУ ”Димитар Беровски во Хром и се скара со родителите кои бараа објаснување
▶️ го узурпира половина парк со некаква сервисна улица
▶️ донесе ДУП со кој се предвидува изградба на повеќе од 100 згради во централното подрачје на општината
▶️ имаме најзагаден воздух во цел град
▶️ надгробна плоча во тампон на асфалт на ул.31 во Волково
▶️ си ја покачи платата
▶️ играње со танчерки и пеење по кафеани
▶️ најголемата градска депонија – депонијата во Ново Село
▶️ змии во школските дворови во Ѓорче Петров поточно во ОУ “Димитар Беровски”
▶️ ”чудно” се расипа мерачот за загадување на воздухот со пм 10 честички
▶️ купи БМВ Х5 и оправдувајќи го тој чекор рече дека нема да се возиме со магариња
▶️ си го вработи првиот братучед во Централениот регистар
▶️ секоја година троши по 200.000 евра за привремени вработувања
▶️ змија во амбулантата во Дексион итн.
Заради ова однесување, немањето јасна стратегија за делување, мрзеливоста и криминалот, како и нереализацијата на ветувањата и неработењето Наумоски и СДСМ претрпуваат континуирани порази во Ѓорче Петров.
Граѓаните имаат стотици проблеми од елементарна природа, ама ете со оваа одлука барем нема да гледаат пружени алишта на главните улици, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Изминативе неколку дена тема во медиумите е забраната за сушење алишта во Ѓорче Петров во дворните места што се со…

Публикувахте от Бојан Стојаноски в Четвъртък, 27 август 2020 г.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани