Таткото на Меси веќе е во преговори со Манчестер сити

Таткото на капитенот на Барселона, Лионел Меси, Хорхе, кој истовремено е и агент на играчот, веќе започна преговори со Манчестер сити. Англиската страна ја претставува извршниот директор Феран Сориано, кој претходно беше претседател на Барса, пренесуваат медиумите во Англија.

Сити е подготвен да потпише двегодишен договор со 33-годишниот Аргентинец. За ова време, Меси може да заработи околу 100 милиони евра.

Самиот играч би сакал повторно да работи со Јосеп Гвардиола, кој ги предводи „граѓаните“.