Ова е најсмртоносното животно на светот: Досега има убиено 52 милијарди луѓе

Ако мислите дека станува збор за див ѕвер, ужасно се лажете

Кога ќе помислите на најсмртоносното животно на светот, веројатно на памет ви паѓаат лавови, тигри, мечки и слични ѕверки.

Но американскиот Центар за контрола и превенција на болести тврди дека животното кое претставува најголема закана за човечкиот ви нема врска со опасните диви ѕверови – комарците убиваат повеќе луѓе ширум светот од кое било друго животно!

Иако не ги сметаме за опасни, туку само за здодевни, листата на смртоносни болести со кои можат да ве заразат комарците е прилично долга. Некои од најпознатите се маларија, зика вирус, денга грозница, чикунгуња и вирусот Западен Нил, кои се пренесуваат преку убод на комарец и годишно убиваат милиони луѓе.

-Во изминативе 200 илјади години на Земјата живееле околу 108 милијарди луѓе. Речиси половина од нив, поточно околу 52 милијарди ги убиле комарци, тврди Тимоти Вајнгард, автор на книгата „Комарец: Човечката историја на најсмртоносниот предатор.“