Неколку факти за прекрасната Канада кои сигурно не сте ги знаеле

Кога слушнеме за земјата Канада, сигурно одма помислуваме на совршена земја,совршен живот, совршени услови, совршен систем на функционирање, но и секако на поларните мечки , ладното време, и прекрасната живописна природа која маѓепсува.

Погледнете ги овие интересни факти за Канада кои сигурно ќе ве изненадат, но и ќе ве предизвикаат да ја посетите.

1. Канада е најобразованата држава во светот. Повеќе од половина од возрасните имаат универзитетска диплома.

2. Најниската измерена температура во Канада е -63 степени Целзиусови. Била измерена на територијата Јукон во 1947-ма година.

3. Канада е држава со најмногу езера во светот.

4. Канада го добила свето име од зборот „kanata“ што во превод значи „село“.

5. Границата помеѓу САД и Канада е најдолгата граница во светот. Нејзиното официјално име е Интернационална граница.

6. Некои полицајци во Канада даваат позитивни „казни“ ако сте направиле нешто добро.

7. По Советскиот Сојуз и САД, Канада е третата држава што ја освоила вселената.

8. Во Канада има помалку луѓе отколку во централниот дел на Токио. Канада има 35,6 милиони жители, додека оваа територија на Токио има 37 милиони.

9. Човекот кој ја измислил кошарката, Џејмс Ниасмит, е Канаѓанин.

10. Канаѓаните се познати по тоа што на светот му дале керозин, инсулин, електронски микроскопи и моторни санки.

11. Земјата на крофните. Канада има најмногу продавници за крофни по глава на жител од која било друга држава.

12. Канада има пустина со кактуси. 13. 75% од населението во Канада живее на оддалеченост од 160 километри од границата со САД.

14. Еден голем пат ги поврзува источна и западна Канада преку Онтарио. Патот е наречен Автопат 17 и во најоддалечените региони има посебна лента за секој правец.